Сервис за достава на намирници за стари лица со нарушена здравствена состојба

Сервис за достава на намирници за стари лица со нарушена здравствена состојба

Општина Кавадарци од денес, 01.09.2020г. започна со услугата ”Сервис за достава на намирници за стари лица со нарушена здравствена состојба”проект кој се реализира во соработка со УНДП, а обезбедува поддршка во рамките на проектот “Креирање можности за работа за сите”.Ќе бидат ангажирани 13 лица кои беа избрани преку Јавен Повик за работната позиција помошник за достава на намирници во времетраење од 7 месеци, со скратено работно време од 20 часови неделно во текот на неделата. Ангажманот на помошниците за достава се состои од: набавка и достава на храна и други неопходни намирници, набавка и достава на лекарства и плаќање на месечни сметки.
Програмата Општинско-корисна работа има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено време и постепено вклучување на пазарот на трудот, а исто така преку обезбедување на услуги од социјалната и здравствената сфера да помогне на старите лица со нарушена здравствена состојба.