СЕ АСФАЛТИРА ОБИКОЛНИЦАТА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

СЕ АСФАЛТИРА ОБИКОЛНИЦАТА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Започна реализацијата на завршната фаза на проектот на Општина Кавадарци за ревитализација на обиколницата „Северен булевар“.

Во оваа фаза се поставува грубиот порамнувачки слој на асфалт на потегот од спојот со улицата „Шишка“ кај Општа болница се до спојот со Булеварот „Никола Минчев“ под Хотел „ФЕ-НИ“.

Според планот во наредните денови ќе се постави и финиот слој асфалт по што реконструираната обиколница ќе биде ставена во функција.

Овој проект опфати целосна реконструкција со отстранување на стариот асфалт и подлогата, се постави нов тампон, потоа рабници, а се постави и системот за дренажа.

Од спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ се подигна нивото на улицата за да се нивелира коловозот на местата каде претходно се собираше вода по обилните дождови. Притоа се постави атмосферска канализација со што повеќе нема да има проблеми во сообраќајот.

Ревитализацијата на регионалната улица „Северен булевар“ е капитален објект на Општина Кавадарци со кој се подобри и источниот влез на градот од Неготино кон Прилеп.

Loading