Градежните работи за ревитализација на улицата „Мито Хаџи-Василев“ се во последната фаза. Денеска ангажираната оператива работеше на нанесување на завршен фин слој асфалт, на потегот од раскрсницата со улицата „Илинденска“ до спојот со улица „Пионерска“ над гимназијата. Одвивањето на работите го следеше и градоначалникот м-р Митко Јанчев.
Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.
Градежната оператива претходно работи на отстранување на старите и дотраени рабници и поставување на нови, а беше отстранет стариот и истрошен асфалт на дел од коловозната лента.
Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.