Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци започна со шалување на пристапни скали на крак од улицата „25–ТИ Мај“.
Според проектот се работи за пристапни скали кај големиот потпорен ѕид кои ќе ги спојуват асфалтираното и бетонираното ниво на оваа улица. Изградбата на пристапните скали е втора фаза од изградбата на оваа улица.
Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди пристап како со возила така и за пешаци на жителите од тој дел на градот.
Општината со овој зафат им решава децениски проблем.