СЕ ГРАДИ НОВА ДЕЛНИЦА ОД КЕЈОТ НА ЛУДА МАРА

СЕ ГРАДИ НОВА ДЕЛНИЦА ОД КЕЈОТ НА ЛУДА МАРА

 Општината Кавадарци продолжува со реализација на проектот за регулација на коритото на реката Луда Мара. Деновиве во фаза на градба е нова делница од кејот шеталиште на потегот од мостот Слога кон Ваташа.

Оваа делница е долга 680 метри и со нејзината изградба ќе се спојат кејот-шетелиште Ваташа со делот во Кавадарци.

Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје работи на изградбата на минор коритото со поставување на обработен камен. Архитектонски и оваа делница од кејот ќе биде иста како делот во градот, односно со минор корито од камен, и шеталиште на двата брега од кои левото шеталиште ќе биде со павер елементи, а десното од фин бетон за ролери. Освен тоа ќе се постави урбана опрема и ново улично осветлување.

Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари, парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.