СЕ ГРАДИ НОВ ПАРКИНГ ВО „АНОТ“

СЕ ГРАДИ НОВ ПАРКИНГ ВО „АНОТ“

Набргу јавниот паркинг во градот ќе добие нови четириесеттина паркинг места. Денеска оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работеше на шалување на одводната решетка за зафаќање на атмосферската и површинската вода од идниот паркинг на просторот од некогашниот „Ан“ кај паркот „Полана“.

Според проектот на површина од 1.100 квадратни метри се гради плато за паркинг на автомобили каде ќе се постават бехатон плочки. Досега Општината преку ангажираната оператива спроведе расчистување на теренот со проширување на влезот од улицата „Лазо Мицев“,порамнување и тампонирање.

Паркингот во ноќните часови ќе биде осветлен со Јавно улично осветлување за што е поставена нисконапонска мрежа за десет метални канделабри со висина од 4 метри за ЛЕД светилки секоја со јачина од 40 вати.

Новиот паркинг простор ќе го намали недостигот од паркинг места особено во пазарните денови.