СЕ РАЦИОНАЛИЗИРА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ОД ЈАВНИТЕ ЧЕШМИ-ФОНТАНИ

СЕ РАЦИОНАЛИЗИРА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ОД ЈАВНИТЕ ЧЕШМИ-ФОНТАНИ

Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ ја рационализира потрошувачката на вода за пиење од градските чешми.

Во тек е акција на надлежните за вградување на ножни вентили со кои се активира протокот на водата во јавните чешми. Со овој зафат ќе се подобри фунционирањето на чешмите, и ќе запре прекумерното и непотребни истекување и трошење на водата за пиење.

Досега вакви вентили се вградени во чешмите: кај противпожарниот дом, пред „НЛБ“ банка на ул.„Илинденска“, кај парк „Полана“, потоа  во таа пред ДТВ „Партизан“, во чешмата на ул. „Киро Крстев“ кај  „ИНЕЛ“ “ и на ул. „Браќа Џунови“ пред поранешна „Таска“.

Акцијата продолжува и во наредниот период кога се предвидува поставување на ножни вентили и во останатите јавни градски чешми.

Во Кавадарци има поставено околу 25 чешми на јавна површина, чија вода граѓаните ја користат за пиење и освежување.