СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ТРОТОАРИТЕ НА   УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ТРОТОАРИТЕ НА  УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

Општина Кавадарци започна зо реализација на комуналниот проект за реконструкција на тротоарот на улицата „Наќо Лазовски“. Овде ќе се реконструраат двата тротоари со вкупна должина од 400 метри.

Оперативата на фирмата „РМК-градба“ ги отстранува старите и дотраени рабници и ја подготвува подлогата за поставување на нови рабници и павер елементи. Според проектот на тротоарот од страната на градинката ќе бидат поставени спуштени рабници со што тој простот ќе биде со подобар пристап за паркирање.

Со овој зафат општината ќе овозможи подобрена безбедност на пешаците, пред се учениците од ООУ „Тошо Велков-Пепето“, како и зголемување на пропустна моќ на улицата особено во термините кога родителите со автомобили ги носат и ги превземаат децата од градинката.