Пролетната кампања за комунална изградба во Кавадарци опфаќа интервенции и на мали и споредни улици, кои се мошне значајни за граѓаните.
Оперативата на фирмата „Павер трејд“ денекс започна со реализација на таков проект на Општина Кавадараци во строгиот центар на градот.
Се работи за реконструкција на крак од улицата „Иво Лола -Рибар“ во должина од 30 метри, непосредно до Малиот групен дом.
Најпрвин се отстрани дотраениот и оштетен асвалт, а на негово место се поставува тампон за нивелација, по што ќе уследи поплочување со павер елементи.
Општината и оваа улица ја реконструира на барање на граѓаните.