Општината продолжува со проектот за реконструкција на градскиот плоштад, во делот каде беше малата летна сцена, пред хотелот „Балкан“. Според новото архитектонско решение на тоа место сега се гради стилска жардинера со одморалиште.
Во оваа фаза од изградбата, ангажираната оператива лепи декоративни плочки – „буња“ на ѕидовите од жардинерата. Украсните елементи се од ист материјал како на постојните жардинери на плоштадот.
Откако ќе заврши оваа операција, во наредниот период ќе следи хортикултурно уредување, како и поставување на нова урбана опрема во делот за одмор во жардинерата.