СКЕЈТ ПАРКОТ НА С.Ц „ЈАСМИН“ ДОБИ БЕТОНСКА ПОДЛОГА

СКЕЈТ ПАРКОТ НА С.Ц „ЈАСМИН“ ДОБИ БЕТОНСКА ПОДЛОГА

Согласно проектот „Скејт паркот“ на спортскиот центар „Јасмин“ ги добива вистинските контури. Деновиве ангажираната оператива изврши бетонирање на целата површина од 770  квадратни метри што ќе биде плато за рекреација и забава на младите „скејтери“ од Кавадарци и околината.

Скејт паркот ќа располага со 6 елементи и тоа: рампа, централен комбиниран елемен, и две различни Кутии за стругање. Од реквизитите ќе има Четвртина цевка,како и Права шина профил.

Општината веќе ја вгради подземната нисконапонска инсталација од системот за јавно улично осветлување, а ќе постави и урбана опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.