Советот на општина Кавадарци донесе Социјален План на општина Кавадарци со цел да обезбеди транспарентен, интегрален, ефикасен и правичен систем во кој ќе ги опфати мерките и средствата кои што се потребни да се подобри квалитетот на граѓаните кои живеат во општина Кавадарци. Социјалниот план содржи мапирање на социјалните проблеми на ранливите групи на граѓани, анализа на капацитетите на постоечките социјални услуги и потреби за развој на социјалните услуги во општината. Социјалниот план е за периодот 2021-2024 година и е стратешка рамка која се имплементира преку проекти, планови и програми на општината.