Соопштение до учесниците во сообраќајот

Соопштение до учесниците во сообраќајот

Општина Кавадарци ги информира учесниците во сообраќајот и граѓаните дека утре сабота 22 септември 2018 година,  дел од „Северен булевар“ ќе биде затворен за сообраќај.

Заради изведување на градежни работи  се воведува забрана за движење на делницата од спојот со „Западен булевар“ кај новата бензинска до спојот со булеварот „Цветан Димов“ кај хотел „ФЕНИ“.

Забраната за одвивање на сообраќајот на моторните возила се однесува на времето од 7:30 часот до 13: 30 часот.