Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2022 година, Глава IV, Точка 9, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација
и ПОВТОРНА Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за дел од УБ 10К, “СТАРО АНГРО“, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
-на север: осовина на СТ 1-станбена улица ул.„II БРИГАДА“
-на исток: осовина на СТ 2-станбена улица ул.„НАРОДНА МЛАДИНА“
-на југ: осовина на СР 5-сервисна улица „ЉУБАШКА“,
-на запад: осовина на пристапна улица ПР 1 и пешачка патека ПП 1.
Површината на планскиот опфат изнесува 0,66 ха.
ПОВТОРНАТА Јавна Презентација и ПОВТОРНАТА Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за дел од УБ 10К, “СТАРО АНГРО“, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
ПОВТОРНАТА Јавна анкета трае од 16.03.2023 до 22.03.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
ПОВТОРНАТА Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 17.03.2023 година (Петок) во 11.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.