СООПШТЕНИЕ  За организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

СООПШТЕНИЕ За организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програна за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава I, точка 16, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

СООПШТЕНИЕ

За организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

       Граници на планскиот опфат се :

 

на Север границата се движи по границата на Сервисната улица СР9 „Мито Хаџи Василев Јасмин“

 – на Исток границата се движи по осовината на Новопланираната Пристапна улица бр.6 потоа се движи по Станбена улица 2а, и по осовината на Сервисната улица СР4 „Тиквешко Востание“.

на Југ границата се движи по осовината на Сервисна улица СР6 „Ресавска“

на Запад границата се движи по осовината на сервисна улица СР7 „Пионерска“

Вкупната површина на планскиот опфат, што ќе се применува при изработка на Детален урбанистички план за УЕ10, за дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” ,изнесува 9,06 ха до осовини на сообраќајници.