СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по ЛУПД за уредување на просторот со намена Е1 – Комунална инфраструктура на КП бр. 10166/1-дел и КП бр. 10167/1, К.О. Кавадарци

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по ЛУПД за уредување на просторот со намена Е1 – Комунална инфраструктура на КП бр. 10166/1-дел и КП бр. 10167/1, К.О. Кавадарци

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, ст.20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програмата за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година со Одлука бр. 08-2376/7 од 30.04.2020 година, од Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Локална урбанистичка планска документација за уредување на просторот со намена Е1 – Комунална инфраструктура на КП бр. 10166/1-дел и КП бр. 10167/1, К.О. Кавадарци, Општина Кавадарци

Граници на опфатот се :

  • Од северната страна граничи со КП бр. 10170, КП бр. 10168/1 и КП бр. 10168/2,
  • источната страна граничи со КП бр. 10166/2,
  • од јужната страна граничи со граница на плански опфат на град Кавадарци, односно со КП бр. 10167/2 и КП бр. 10166/2, на јужната страна од опфатот минува магистралниот пат М2 – Северен булевар.
  • од западната страна граничи со КП бр. 16444 (со катастарска култура – пат).

Опфатот е со површина од 0,9ха.

Локална урбанистичка планска документација за уредување на просторот со намена Е1 – Комунална инфраструктура на КП бр. 10166/1-дел и КП бр. 10167/1, К.О. Кавадарци, Општина Кавадарци ќе се спроведе со излагање на Локална урбанистичка планска документација во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае 5 дена, од 19.07.2021  до 26.07.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16 :30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

             Јавна Презентација со стручно презентирање на планската документација ќе се одржи на ден 21.07.2021 година во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Локална урбанистичка планска документација за уредување на просторот со намена Е1 – Комунална инфраструктура на КП бр. 10166/1-дел и КП бр. 10167/1, К.О. Кавадарци, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јаната презентација и јавна анкета задолжтелно треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.