Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, ст.20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програмата за изменување и дополнување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава IV, Точка 54 – 08-2376/7 од 30.04.2020 год на Општина Кавадарци, Заменик Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Локална урбанистичка планска документација за уредување на просторот со намена А1-Домување во станбени куќи на КП 2243-дел, КП 2244, КП 2245-дел, КП 2246/1-дел, КП 2246/2, КП 2247-дел, КП 2248, КП 2249-дел, КП 2250, КП 2251/1, КП 2251/2, КП 2252-дел,КП 2253-дел, КП 2255, КО Ваташа, Општина Кавадарци
Граници на опфатот се :
- од северната страна планскиот опфат граничи со КП 2242/1, КП 2242/2 и КП 2242/3,
- од источната страна граничи со регионалниот патен правец Р1107 Градско (врска со А1) –Росоман – Кавадарци – Мушов Гроб-Витолиште-Лагово (врска со А3) и делница Мајдан – граница со Р. Грција,
- од источната и јужната страна граничи со пристапен пат (КП 2259) и
- од западната страна граничи со КП 2256/1, КП 2257, КП 2253-дел, КП 2252-дел, КП 2249-дел, КП 2247-дел, 2246-дел, КП 2243-дел.
Опфатот е со површина од 2,48ха.
Локална урбанистичка планска документација за уредување на просторот со намена А1-Домување во станбени куќи на КП 2243-дел, КП 2244, КП 2245-дел, КП 2246/1-дел, КП 2246/2, КП 2247-дел, КП 2248, КП 2249-дел, КП 2250, КП 2251/1, КП 2251/2, КП 2252-дел,КП 2253-дел, КП 2255, КО Ваташа, Општина Кавадарци ќе се спроведе со излагање на Локална урбанистичка планска документација во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае 5 дена, од 19.07.2021 до 26.07.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16 :30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планската документација ќе се одржи на ден 22.07.2021 година во 10:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Локална урбанистичка планска документација за уредување на просторот со намена А1-Домување во станбени куќи на КП 2243-дел, КП 2244, КП 2245-дел, КП 2246/1-дел, КП 2246/2, КП 2247-дел, КП 2248, КП 2249-дел, КП 2250, КП 2251/1, КП 2251/2, КП 2252-дел,КП 2253-дел, КП 2255, КО Ваташа, Општина Кавадарциќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжтелно треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.