Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистички планови за 2016 година, Глава III, Точка 8, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Урбанистички план за село Рожден, КО Рожден, Општина Кавадарци
Граници на планскиот опфат се :
Од Север: од најсеверната точка 34 се движи кон исток долж границите на КП 833/2, 835/1, 838/2, 838/1, 854, 953, 949, 948/1 892, 893, 894 се до најисточната точка 10;
Од Исток: се движи кон југ од најисточната точка 10 долж границата на КП 894, 946, 945/1, 901, 902, 933/2,909, ја сече 1402 1404/1, па продолжува долж границите на 1406/1, 1408, па ја сече
КП 2558/1 потоа продолжува долж границите на 1394/1, 1394/2, 1393, 1391, 1379, 1380, 1355, 1354, 1353, 1333, 1461, 1459, 1458, 1457, 1455/2, 1455/1, па ја сече 1640/1, 1442/1 и 1443 па продолжува по нејзината граница и долж на границите 1450/1, 1450/2 се до најјужната точка 109.
Од Југ: Се движи кон запад од најјужната точка 109 долж границите на КП 1450/2, 1477, 1476 па ја сече и продолжува КП 2555 и продолжува по границите на КП 1289, 1291, 1294, 1296, 1299, 1272 ја сече 1271 и продолжува долж нејзината граница па ја сече КП 2556 па продолжува долж границите на КП 1074, 1075, 1077, па ја сече КП 2550, 818 и 817 до најзападната точка 63
Од Запад: Се движи од најзападната точка 63 кон север долж границите на КП 816, 815, 811,823/2, 810, 823/1, 827 и КП833/1 се до најсеверната точка 34
Површината на планскиот опфат изнесува 31,25 ha.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план за село Рожден, КО Рожден, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 19.07.2021 до 26.07.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 21.07.2021 година во 10.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Урбанистички план за село Рожден, КО Рожден, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.