Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци, глава IV, точка 49, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци
Граници на планскиот опфат се :
– на север границата се движи по осовината на улица ,,Браќа Хаџи Тефови”,
– на исток границата се движи по осовината река Луда Мара,
– на југ границата на наменска зона Б1 согласно Измена и дополнување на ГУП на град Кавадарци со населбите Ваташа и Глишиќ
– на запад границата се движи по Кеј Браќа Џунови.
Површината на планскиот опфат изнесува 6683 m2.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 09.08.2021 до 20.08.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.08.2021 година (Вторник) во 10.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.