Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2019 година, Глава I, Точка 18, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 5, дел од Блок 5.1, „Нова Градинка“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци
Границата на опфатот е дефинирана:
- на север – булевар Методија Андонов Ченто
- на југ – булевар Видое Смилевски Бато
- на запад – осовина на планирано речно користо на река Луда Мара
- на исток – улица Шишка
Површината на планскиот опфат изнесува 11,2 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, дел од Блок 5.1, „Нова Градинка“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 31.03.2022 до 14.04.2022 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.04.2022 година (Среда) во 11.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 5, дел од Блок 5.1, „Нова Градинка“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.