Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2020 година во Општина Кавадарци, Глава IV, Точка 55, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 14, БЛОК 14.3 и дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа, Општина Кавадарци.

 

Границата на опфатот е дефинирана:

-на север: осовина на СТ 2-станбена улица ул.„Калница“ и наменска зона А1-Домување во станбени куќи (согласно ГУП),

-на исток: осовина на СР 1-сервисна улица „Методија Џунов Џуко“,

-на југ: осовина на СТ 3-станбена улица,

-на запад: осовина на река Луда Мара

 

Површината на планскиот опфат во горенаведените граници изнесува 4,85 ha.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 14, БЛОК 14.3 и дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

 

                Јавната анкета трае од 11.04.2022 до 27.04.2022  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.04.2022  година во 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

                Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 14, БЛОК 14.3 и дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа, Општина Кавадарци ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.