Соопштение за организирање на Јавна Презентација и јавна анкета по ДУП за УЕ 13, за дел од УБ 13.1, ,,Коњски Дупки”

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и јавна анкета по ДУП за УЕ 13, за дел од УБ 13.1, ,,Коњски Дупки”

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистичка планови во Општина Кавадарци за 2017 година, Урбанистички планови финансирани од Буџет на Општина Кавадарци, точка 12, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и јавна анкета

по Детален урбанистички план за УЕ 13, за дел од УБ 13.1, ,,Коњски Дупки”, КО Кавадарци град и КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци

 

Границата на опфатот е дефинирана:

– од северната страна границата на опфат минува по оската на сервисна улица “4”.

– западната граница на опфатот се движи по граница на ГУП за град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ (покрај станбена улица “7”).

– на јужната страна границата на опфатот се движи по оската на станбена улица “3”.

– и на источната страна границата на опфат се движи по оската на сервисна улица “8” и по осовината на магистралната улица “М4” – „Западен булевар”

 

Големината на опфатот изнесува 6,56 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за УЕ 13, за дел од УБ 13.1, ,,Коњски Дупки”, КО Кавадарци град и КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план  во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае 10 дена, од 21.09.2022 до 06.10.2022 година, секој работен ден од 8:00 до 16 :00 часот.  Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.09.2022 година во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).