Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план за село Брушани, КО Брушани, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 05.04.2023 до 12.04.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 05.04.2023 година во 10.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.