Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15,193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална смоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма заа изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2021 година, Глава ИИ, Точка 4, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
СООПШТЕНИЕ
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци
Граници на планскиот опфат се :
- од северната страна, границата на опфатот се движи по оската на булевар „Вељко Влаховиќ”,
- од источната страна, границата на опфатот се движи по оската на булевар „Цветан Димов”,
од јужната страна, границата на опфатот се движи по оската на булевар „Моша Пијаде”,
- од западната страна, границата на опфатот се движи по осовината на булевар „Западен булевар”.
Површината на планскиот опфат изнесува 4,64 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во
просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 15.02.2021 до 26.02.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 19.02.2021 година (Петок) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Македонија” бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.