СООПШТЕНИЕ За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

СООПШТЕНИЕ За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Локална урбанистичка планска документација за Е2 – Комунална супраструктура (Фотоволтна централа) на КП бр. 8000/1, КП бр. 8000/2 и КП бр. 8000/3, К.О. Кавадарци вон град, Општина Кавадарци

Граници на опфатот се :

–          На север  –  КП бр.9613/1 КО Кавадарци град

–          На исток – КП бр.4465 КО Кавадарци град

–          На југ – КП бр.8000/4, КП бр.7999/4  КО Кавадарци град

–          На запад – КП бр.8001 КО Кавадарци град

Опфатот е со површина од 1,6ха.

Јавна Презентација и јавна анкета по Локална урбанистичка планска документација за Е2 – Комунална супраструктура (Фотоволтна централа) на КП бр. 8000/1, КП бр. 8000/2 и КП бр. 8000/3, К.О. Кавадарци вон град, Општина Кавадарци  ќе се спроведе со излагање на Локална урбанистичка планска документација во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае 5 дена, од 13.04.2021  до 19.04.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16 :30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

             Јавна Презентација со стручно презентирање на планската документација ќе се одржи на ден 16.04.2021 година во 11:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Локална урбанистичка планска документација за Е2 – Комунална супраструктура (Фотоволтна централа) на КП бр. 8000/1, КП бр. 8000/2 и КП бр. 8000/3, К.О. Кавадарци вон град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јаната презентација и јавна анкета задолжтелно треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.