СООПШТЕНИЕ За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.2, ,,Автобуска станица” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци

СООПШТЕНИЕ За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.2, ,,Автобуска станица” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, глава IV, точка 22, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.2, ,,Автобуска станица” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

       Граници на планскиот опфат се :

–  на север границата се движи во источен правец долж осовината на сервисната улица Бул. „Кочо Рацин“,при тоа истата представува граница на урбана единица 6, како што е

планирана со Измена и дополнување на ГУП на Град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ, 2016 – 2026, сѐ до почетната точка 2.

–  на исток границата започнува од точка 2 и се движи во јужен правец долж осовината на улица  „Орце  Николов“,  при  тоа  сечејќи  ги  КП 16473/1  и  КП 16453,  се  до најисточната точка 1;

–  на југ границата  се  движи  во  западен  правец  при  што  поминува  низ  оска  на  улицата „Охридска“, се до најјужната точка 7;

–  на  запад  границата  се  движи  долж  осовината  на  сервисната  улица „Илинденска“.

 

Површината на планскиот опфат изнесува 1,47 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.2, ,,Автобуска станица” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 15.04.2021 до 28.04.2021  година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  16.04.2021  година (петок) во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.2, ,,Автобуска станица” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.