Врз основа на член 27 од Законот за урбанистичко планирање („Службен Весник на РСМ“ бр.32/20), и член 50, точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2022година, Глава IV- Урбанистички планови финансирани од правни и физички лица, Точка 43, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Нацрт план – Детален урбанистички за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 – „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2021-2026.
Граници на планскиот опфат се :
- на север границата на опфатот се движи по осовина на Желков дол;
- на југо-запад планскиот опфат се движи по оската на улицата Страшо Пинџур;
- на северо-исток границата на планскиот опфат се движи по оската на реката Луда Мара
Површината на планскиот опфат изнесува 5,64 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Нацрт планот – Детален урбанистички за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 – „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 08.06.2023 до 10.07.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 21.06.2023 година во 13.30 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.