🏘 Во рамки на Проектот ComAct – Активности за намалување на енергетската сиромаштија во станбени згради, започна мапирањето на потребите на станарите кои влијаат врз енергетската ефикасност во станбените згради во општините Кавадарци и Карпош.
Во анкетите учествуваат станари на згради селектирани за учество и поддршка од проектот според енергетските карактеристики на зградата, годината на изградба, бројот на станари, начинот на греење и слично. Целта на оваа активност е да се утврдат најзначајните социјални, економски и технички фактори кои влијаат врз енергетската ефикасност во станбените згради кои се енергетски неефикасни, како и главните пречки кои не дозволуваат реновирање. Со тоа прецизно ќе се идентификуваат потребите на станарите, нивната подготвеност да се вклучат во проектот, а следствено ќе произлезат и практично ќе се спроведат соодветни мерки за подобрување на енергетската ефикасност.
📌Проектот ComAct е финансиран од Европската унија, со цел да овозможи скапите и најефикасни мерки за подобрување на енергетската ефикасност да бидат достапни и лесно да се управуваат од страна на заедниците коишто се соочуваат со енергетска сиромаштија, како што се жители на станбени згради.
Во Македонија проектот се спроведува во соработка помеѓу општините Кавадарци и Карпош и здружението за хумано домување Хабитат Македонија.
#HabitatMacedonia #energypowerty #H2020 #ComAct