СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект за изградба на спортски терени

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект за изградба на спортски терени

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Програма за изработка на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2023 година со Одлука број 08-7742/22 од 22.12.2022 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр. 25/22 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ НА ОТВОРЕНО (КАРТИНГ) СО НАМЕНА Д3.1, НА ДЕЛОВИ ОД КАТАСТАРСКИТЕ ПАРЦЕЛИ: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263 И КП1264, КО ВАТАША, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

Член 1

 Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по  УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ НА ОТВОРЕНО (КАРТИНГ) СО НАМЕНА Д3.1, НА ДЕЛОВИ ОД КАТАСТАРСКИТЕ ПАРЦЕЛИ: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263 И КП1264, КО ВАТАША, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, со технички број 0801-810/22 од Мај 2023 изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.

Член 2 

Проектниот опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ НА ОТВОРЕНО (КАРТИНГ) СО НАМЕНА Д3.1, НА ДЕЛОВИ ОД КАТАСТАРСКИТЕ ПАРЦЕЛИ: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263 И КП1264, КО ВАТАША, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y55522 од февруари 2023.


Предметниот проектен зафаќа делови од катастарските парцели: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263 и КП1264, КО Ваташа, Општина Кавадарци.

Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 6932,22 м² (0,69ха).

Со овој урбанистички проект се планира градба на спортски терени на отворено (картинг).

Предмет на изработка ќе биде оформување на нова градежна парцела согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површината за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти до оформената градежна парцела, со тоа што на деловите од катастарските парцели: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263 и КП1264, КО Ваташа, Општина Кавадарци, се формира градежна парцела ГП 1.1.

Парцелите се со следните класи на намена:

Д3.1 – Спортски терени на отворено

ЈАВЕН УВИД 

На УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ НА ОТВОРЕНО (КАРТИНГ) СО НАМЕНА Д3.1, НА ДЕЛОВИ ОД КАТАСТАРСКИТЕ ПАРЦЕЛИ: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263 И КП1264, КО ВАТАША, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ,  со технички број 0801-810/22 од Мај 2023 изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопјеќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/  и https://www.e-urbanizam.mk во  период од 25.05.2023 до 09.06.2023 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.