Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2021 година со Одлука број 08-3077/7 од 27.05.2021 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр. 74 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид по
на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Гарниково 1.3 со поставување на фото-напонски панели на земјиште на дел од КП 441, КО Гарниково, Општина Кавадарци
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Гарниково 1.3 со поставување на фото-напонски панели на земјиште на дел од КП 441, КО Гарниково, Општина Кавадарци, тех.бр. 0801-132/21 од Декември 2021, изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.
Член 2
Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Гарниково 1.3 со поставување на фото-напонски панели на земјиште на дел од КП 441, КО Гарниково, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y13821 од Јули 2021.
Границите на планскиот опфат се:
– На север граничи со дел од КП 441 КО Гарниково
– На исток граничи со дел од КП 423, КП 426, КП 429 и дел од КП 430 КО Гарниково
– На југ граничи со дел од КП 441 КО Гарниково
– На запад граничи со дел од КП 441 КО Гарниково
Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 99883м2.
Со овој урбанистички проект се планира градба на површински соларни и фотоволтаични електрани.
Во границите на планскиот опфат планирано е оформување на една нова градежна парцела, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површините за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти.
Парцелите се со следните класи на намена:
Е – инфраструктури
Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани
Е1.8 – Инфраструктура за пренос на електрична енергија.
Во рамки на градежните парцели се планирани Површински соларни и фотоволтаични електрани.
Пристапот до градежната парцела ќе се обезбеди со изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пристапен пат до идните фотоволтаични електрани.
ЈАВЕН УВИД
На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Гарниково 1.3 со поставување на фото-напонски панели на земјиште на дел од КП 441, КО Гарниково, Општина Кавадарци изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци, со тех.бр. 0801-132/21 од Декември 2021 ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/ и https://www.e-urbanizam.mk во период од 17.02.2022 до 04.03.2022 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.