Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2021 година со Одлука број 08-3077/7 од 27.05.2021 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр. 74 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид по
на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пристапен пат до фотоволтаични електрани Гарниково 1.1, 1.2, 1.3, 1,4 и 1.5 на дел од КП 441 и дел од КП 506 КО Гарниково, Општина Кавадарци
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пристапен пат до фотоволтаични електрани Гарниково 1.1, 1.2, 1.3, 1,4 и 1.5 на дел од КП 441 и дел од КП 506 КО Гарниково, Општина Кавадарци, тех.бр. 0901-71/21 од Јануари 2022, изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.
Член 2
Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пристапен пат до фотоволтаични електрани Гарниково 1.1, 1.2, 1.3, 1,4 и 1.5 на дел од КП 441 и дел од КП 506 КО Гарниково, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y14021 од Јули 2021.
Границите на планскиот опфат се:
– На север граничи со дел од КП 339 КО Гарниково
– На исток граничи со дел од КП 441 и дел од КП 506 КО Гарниково
– На југ граничи со дел од КП 507 КО Гарниково
– На запад граничи со дел од КП 441 и дел од КП 507 КО Гарниково
Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 15639м2.
Со овој урбанистички проект се планира градба на Е1.1 – Сообраќајна патна инфраструктура до површински соларни и фотоволтаични електрани.
Во границите на планскиот опфат планирано е оформување на еден пристапен пат до пет нови градежни парцели, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање,
Парцелите се со следните класи на намена:
Е – инфраструктури
Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури
Во рамки на овој Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план се предвидува пристапен пат до новоформирани градежни парцели кои се планирани за поставување на Површински соларни и фотоволтаични електрани.
Пристапот до новоформираниот пат е од постоен пат кој се поврзува за новоформираните градежни парцели за изградба на идните фотоволтаични електрани.
ЈАВЕН УВИД
На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пристапен пат до фотоволтаични електрани Гарниково 1.1, 1.2, 1.3, 1,4 и 1.5 на дел од КП 441 и дел од КП 506 КО Гарниково, Општина Кавадарци изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци, со тех.бр. 0901-71/21 од Јануари 2022 ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/ и https://www.e-urbanizam.mk во период од 17.02.2022 до 04.03.2022 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.