Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Програма за изработка на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2023 година со Одлука број 08-7742/22 од 22.12.2022 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното
СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 4 на КП 4331, КП 4332 и КП 4333 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци.
Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 4 на КП 4331, КП 4332 и КП 4333 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци, со технички број 0901-1/23 од Јули 2023 изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, произодство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ извоз-увоз ДООЕЛ Кавадарци.
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 4 на КП 4331, КП 4332 и КП 4333 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени Услови за планирање за просторот од Агенција за планирање на просторот Y53822 од Ноември 2022 и Решение за услови за планирање од Министерство за животна средина и просторно планирање УП1-15 2271/2022 од 27.12.2022 година.