СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид по Урбанистички проект со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид по Урбанистички проект со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Програма за изработка на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2023 година со Одлука број 08-7742/22 од 22.12.2022 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр. 25/22 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното

 СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по 

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1732, КП 1731/1, КП 1731/2, КП 1731/3, КП 1731/4, КП 1734, КП 1730, КП 1729, КП 1741, КП 1742, КП 1739, КП 1743/1, КП 1747, дел од КП 1746/1, КП 1751, дел од КП 1750/1 и дел од КП 1750/2, КО Марена, Општина Кавадарци

 

Член 1 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1732, КП 1731/1, КП 1731/2, КП 1731/3, КП 1731/4, КП 1734, КП 1730, КП 1729, КП 1741, КП 1742, КП 1739, КП 1743/1, КП 1747, дел од КП 1746/1, КП 1751, дел од КП 1750/1 и дел од КП 1750/2, КО Марена, Општина Кавадарци, со технички број 25/22 од Мај 2023 изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.

Член 2 

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1732, КП 1731/1, КП 1731/2, КП 1731/3, КП 1731/4, КП 1734, КП 1730, КП 1729, КП 1741, КП 1742, КП 1739, КП 1743/1, КП 1747, дел од КП 1746/1, КП 1751, дел од КП 1750/1 и дел од КП 1750/2, КО Марена, Општина Кавадарци е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y51522 од Ноември 2022.

Предметниот проектен опфат зафаќа една катастарска парцела:

– дел од КП 1732, КП 1731/1, КП 1731/2, КП 1731/3, КП 1731/4, КП 1734, КП 1730, КП 1729, КП 1741, КП 1742, КП 1739, КП 1743/1, КП 1747, ДЕЛ ОД КП 1746/1, КП 1751, дел од КП 1750/1 и дел од КП 1750/2, КО Марена, Општина Кавадарци.

Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 77310 м² (7.7310ха).

Со овој урбанистички проект се планира градба на површински соларни и фотоволтаични електрани.

Во границите на планскиот опфат планирано е  оформување на една нова градежна парцела, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површините за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти.

Парцелите се со следните класи на намена:

Е – инфраструктури

Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани

E1.8 – Инфраструктура за пренос на електрична енергија

 Во рамки на градежната парцела се планирани поставување на Површински соларни и фотоволтаични електрани.

 

ЈАВЕН УВИД 

На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1732, КП 1731/1, КП 1731/2, КП 1731/3, КП 1731/4, КП 1734, КП 1730, КП 1729, КП 1741, КП 1742, КП 1739, КП 1743/1, КП 1747, дел од КП 1746/1, КП 1751, дел од КП 1750/1 и дел од КП 1750/2, КО Марена, Општина Кавадарци,  со технички број 25/22 од Мај 2023 изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/  и https://www.e-urbanizam.mk во  период од 25.05.2023 до 09.06.2023 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.