Екипа на ЈП „Комуналец“ реализираше уште еден проект на Општина Кавадарци. На локацијата кај старатa адвентистичка црква е подигнат нов потпорен ѕид од бетонски цигли во должина од 6 метри. Со овој проект општината санираше критична точка на главната градска улица „7-ми Септември“.
Претходно по иницијатива на службата „Мој општинар“, ЈП„Комуналец“ го отстрани стариот руиниран потпорен ѕид кој беше потенцијална опасност за пешаците и сообраќајот на улицата. Се расчисти просторот со скип и трактор, при што се отстрани извесно количество отпад и шут, неколку самоникни дрва, камења и земја.
Сега овој дел на тротоарот е безбеден за движење на пешаците, и повеќе не претставува опасност, ниту пак е грда слика во централното градско подрачје.