Со грант од Кралството Норвешка СОЗШУ „Ѓорче Петров“ стана енергетски-ефикасно

Со грант од Кралството Норвешка СОЗШУ „Ѓорче Петров“ стана енергетски-ефикасно

Со извршените градежни работи на фасада и покривот значително се подобри енергетската ефикасност на учичиштето изградено во 1956 година, а 250 ученици добија подобри услови за настава.

На училишната зграда инсталирани се 1200 м2 термо-изолациона фасада и се изврши промена на 1500 м2 азбестен кров. Градежните работи се изведуваа во изминативе четири месеци.

 Денес училиштето го посетија амбасадорот Јерн Јелста и градоначалникот Митко Јанчев.