Деновиве започнаа градежните работи за обнова на задната фасада на зградата на Општина Кавадарци. Согласно проектот се врши интервенција за санирање на сачокот, како и крпење и фарбање на фасадата.
Општината овој проект започна да го реализира минатото лето, а во моментот се работи на последнат тринаесетта фасада. Со обновувањето на задната-јужна фасада на зградата каде се наоѓа седиштето на Локалната самоуправа, општината Кавадарци заокружува капитален проект во кој инвестира 5.361.793 денари од буџетот.
Со овој прокет општината обнови 13 фасади на колективни станбени згради, како и на објекти каде се сместени институции од јавен карактер.
Целта е остварена, обновените фасади го променија на подобро визуелниот изглед на централното градско подрачје, а станарите, корисниците на објектите како и граѓаните добиа побезбедни и поубави фасади.
Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.