По јавното извлекување на ден 30.10.2018 во просториите на Општина Кавадарци согласно Вториот Јавен оглас за субвенционирање на граѓаните при купување на енергетско ефикасни грејни тела и повторната проверка на извлечените барања, Општина Кавадарци објавува список на потенцијалните добитници за субвенционирање.
Важно: Комисијата за проверка на терен ќе изврши проверка на сите исправни извлечени баратели во наредниот период после што Општина Кавадарци ќе објави конечен список на субвенционирани баратели.