СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ЗА НОВАТА ПРОГРАМА ЗА КОМУНАЛНА ИЗГРАДБА ВО ВОЗАРЦИ

СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ЗА НОВАТА ПРОГРАМА ЗА КОМУНАЛНА ИЗГРАДБА ВО ВОЗАРЦИ

Заменик градоначалникот на Општина Кавадарци д-р. Никола Трендафилов со претставници на општинската администрација, ЈП„Комуналец“ и Полициската станица Кавадарци синоќа имаа средба со граѓаните од Месната заедница Возарци, во рамките на подготовката на Програмата за комунална изградба 2020 година. Во обраќањето Трендафилов потсети на реализираните проекти од програмата за 2019 година. Присутните граѓани во дискусијата имаа можност да ги изнесат свите ставови и забелешки, како и да посочат приоритети кои треба да
бидат дел од новата Програма за комунална изградба во 2020 година. Тие укажаа на повеќе локални комунални проблеми, а побараа од општината како врвен приоритет да биде решавањето со проблемот слабиот капацитет на фекалната канализација. И посочиа на општината да го уреди дворот на подрачното училиште, да се санира покривот, како и внатрешно уредување на училниците и помошните простории. Нагласиjа дека потегот на општината за изградба на детска градинка е за поздравување, впрочем како и сите досегашни ангажирања на градоначалникот во делот на комуналната изградба, но бараат градинката да не се предава во употреба додека не се уреди просторот оклу истата.
Побараа поголема контрола на сообраќајот од страна на
полицијата особено на брзото и непрописно возење на тешките товарни возила како низ селото така и на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, со што би се намалила опасноста од сообраќајни несреќи како и неподносливата бучава од тешките возила. Возарчани побараа од општината и поголем ангажман во делот
на екологијата. Сите нивни забелешки беа нотирани и ќе станат составен дел од програмите на општината за буџетот 2020 година.