Граѓаните на Кавадарци добиваат на користење нов тротоар на улицата „Страшо Пинџур“. Општината Кавадарци преку ангажираната оператива гради тротоар на наведената улица на потегот од спојот со улицата „4-ти Мај“.
Денеска започнаа подготвителните работи на расчистување на теренот по што ќе следи порамнување и тампонирање.
На површина од околу 500 метри квадратни ќе бидат поставени бехатон плочи. Изведувач на работите е фирмата „АС Машини“ од Кавадарци.
Проектот е дел од поголемата јавна набавка со која се реализираат поплочувања на уште неколку локации.