Општина Кавадарци во склоп на програмата за комунална изградба започна со реализација на нов комунален проект во Ваташа. Оперативата на фирмата „Градба промет“ гради тротоар на улицата „Ќиро Арсов“.
Денеска започнаа градежните работи на расчистување на просторот за изградба на тротоар. Според проектот на површина од 300 метри квадратни ќе се постават павер елементи. Претходно на таа површина ќе се изврши порамнување и поставување на тампон.
Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Ваташа.