Општината Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци започна со релизација на сообраќајно- комуналниот проект за изградба на кружен тек кај ВВ „Тиквеш“.
Проектот овде предвидува современо сообраќајно решение со кружен тек за експресно одвивање на сообраќајот – „турбо“ кружен тек.
Овој четврти кружен тек во градот се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“. Новото сообраќајно решение ќе зафаќа површина од 3000м2, а ќе биде согласно стандардите со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување.
За реализација на овој капитален проект Општината Кавадарци ќе инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.