УЧЕНИЦИ ОД ВАТАША НА ЧАС ПО ЛИЗГАЊЕ

УЧЕНИЦИ ОД ВАТАША НА ЧАС ПО ЛИЗГАЊЕ

Неодамна отвореното лизгалиште во рамките на Спортскиот центар „Јасмин“ секојдневно го оправдува своето постоење. Идејата на градоначалникот Јанчев да се отвори лизгалиште со двојна намена како јавна површина за одвивање настава по физичко воспитување и како комерцијален објект секојднево се потврдува како издржан и одржлив проект.

Денеска стотина ученици од ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ од Ваташа имаа час по физичко воспитување методска единица лизгање.

Задоволни и насмеани детски лица, на вештачкиот мраз под отворено небо ги совладуваа основите на лизгањето. Вакви часови до крајхот на првото полугодие че одржуваат и учениците од вишите одделенија од сите кавадаречки училишта. Инаку идејата на Јанчев се слушна и кај соседите

па на барање на неготинчани и децата од соседниот град ќе имаат можност за настава по лизгање.

Инаку во вечерните часови кога лизгалиштето работи комерцијално во просек има до 800 лизгачи.

Идејата на Јанчев ја подржаа и општествено одговорните компании „Кожувчанка“ и „Црна река Петрол“ кои ја набавиа опремата за вештачки мраз и лизгалиштето.