Општина Кавадарци преку оперативата на ЈП „Комуналец“ ОЕ „Паркови и зеленило“ денеска започна со реализација на проект за хортикултурно уредување на просторот помеѓу потпорниот ѕид на паркингот на ул.„Тиквешко востание“.
Комуналци денеска насипаа земја, а во наредните денови ќе постават и систем за полевање, по што ќе следи озеленување и хортикултурно уредување.
Претходно општината во ровот постави нисконапонски кабел кој ќе напојува со струја нови 4 ниски канделабри од Јавното улично осветлување.