Екипи од ЈП „Комуналец“ ОЕ „Паркови и зеленило“ деновиве работи на хортикултурното уредување на зелени површини во градот.
Според планот со оваа есенска акција ќе се засадта 5 000 корени на пролетни љубичици. Денеска се садеше во новите жардинери на градскиот плоштад пред Хотел „Балкан“ Есенското хортикултурното уредување ќе опфат садење на цвеќе и на соатантите зелени површини на плоштадот, на кружните теково, во градскиот парк, како и на новите зелени површини. Овој вид на љубичици е издржлив и отпорен на ниски температури, на напролет ќе расцвета во полн сјај.