Врз основа на член 10 став 1 алинеја 1 и член 11, а во врска со член 18 став 3 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04,89/08,152/2015, 103/21), согласно Програмата за изменување и дополнување на Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци бр. 08-1313/19 од 28.02.2023 година и Одлуката за подигање на спомен обележје на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци бр. 08-1313/21 од 28.02.2023 година, Одборот за подигање на спомен – обележje на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци бр. 08-1313/21 од 28.02.2023 година, со Одлука на Совет на Општина Кавадарци со Бр 08-1313/21 од 28.02.2023година, објавува:
Ј А В Е Н К О Н К У Р С
за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци
ОПИС И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15 103/21),согласно Програмата за изменување и дополнување на Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци бр. 08-1313/19 од 28.02.2023 година и Одлуката за подигање на спомен обележје на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци бр. 08-1313/21 од 28.02.2023 година, Одборот за подигање на спомен – обележje на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци бр. 08-1313/21 од 28.02.2023 година, со Одлука на Совет на Општина Кавадарци со Бр 08-1313/21 од 28.02.2023 година, на ден 10.03.2023 година распишува ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци. За подигање на спомен обележјето Советот на Општина Кавадарци има донесено Одлука .бр. 08-1313/21 од 28.02.2023 година за подигање на 12 бисти посветени на Ваташките Младинци :
- Перо Видов
- Данко Давков
- Илија Димов
- Ристо Ѓондев
- Герасим Матаков
- Пане Мешков
- Пане Џунов
- Ванчо Гурев
- Блаже Ицев
- Диме Чекоров
- Ферчо Поп Ѓорѓиев
- Васил Хаџи Јорданов
Спомен обележјето ќе се подигне на место викано „Катуниште„на Кп бр 2426/1 КО Ваташа .
Идејниот проект треба да содржи:
- ЕднаМакета со висина од 30-40cm изработена од полимер бетон на еден од Ваташките Другари по избор.
2, Ситуационо решение со прикажан распоред на спомениците на 12-те Ваташки другари во близина на постојниот споменик.
- техничка документација (основа, изгледи, пресеци,аксонометрија)
4, предмер пресметка со детален опис на материјали и начин на изработка на спомениците
Критериуми што ќе се применуваат за избор:
– реалистичен одраз на бараните личности -сличност со ликовите
-високо ниво на впечатливост и оригиналност на ликовниот израз
– конкретна примена на понуденото идејно решение
Вкупната сума за реализација на овој проект е 2.000.000 денари со вклучен надомест за награди.
Право на Учество имаат домашни и странски физички и правни лица
На конкурсот не може да учествуваат лица од одборот и од нивното потесно семејство поради судир на интереси.
Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра
Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд
Учесниците на конкурсот со самото поднесување на идејното решение ,прифаќаат дека дале согласност за откривање на идентитетот по извршениот избор.
Краен рок за предавање на идејните проекти е 30 дена од денот на објавување на јавниот конкурс .
НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра.
Учесниците на конкурсот до Архивата на Општина Кавадарци , треба да поднесат Пријава со прилог Идеен Прокет најдоцна 30 дена од денот на објавувањето на конкусот во затворен плик.
Во затворениот плик треба да стои мал затворен плик во кој ќе биде напишана повторно истата шифра како на пријавата и податоци за подносителот на пријавата.
Пријавите со Прокетот треба да се достават во писмена форма, на следната адреса:
Општина Кавадарци , Плоштад Маршал Тито бб , 1430 Кавадарци ,
со назнака: “Не отварај” За Јавниот КОНКУРС за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележје на 12 бисти на Ваташките младинци .
Прилог кон Јавниот конкурс: – Биографии со фотографии, кои можат да се подигнат од лицето за контакт ( лично и по емаил)
Огласот ќе биде објавен во дневниот печат и на ВЕБ страната на Општина Кавадарци.
Награди
Од пристигнатите трудови што ќе ги исполнат конкурсните услови и програмските барања, се предвидува да бидат доделени 3 (три) награди и тоа: прва награда во износ од 20.000 денари, втората 10.000 денари и трета награда 8.000 денари.
Доделените награди ќе им бидат исплатени на наградените најдоцна до 30 дена по објавувањето на резултатите од конкурсот. Со исплатата на наградите на авторите на конкурсните трудови, Општина Кавадарци ги откупува авторските права да ги користи целосно , и да врши измени во идејното решение.
Одборот нема да ги разгледува проектите што ќе пристигнат по предвидениот рок, или не се изработени според критериумите на конкурсот.
Макетите кои нема да бидат избрани на конкурсот ќе бидат вратени на апликантите.
Идејниот проект треба да биде погоден за излагање и изведба.
Идејните проекти ќе бидат јавно изложени.
Одборот со мнозинство гласови го избира идејниот проект за спомен – обележјето што ќе се подигне.
Тел за контакт 075-288-427 Весела Честоева
Членови на Одбор:
- Јован Златевски
- Круме Богевски
- Гордана Белевска-Мустафа
- Горан Боев
- Натка Китева
6.Валентина Бањанска
- Диме Коцевски
- Мики Камчевски
Кавадарци Претседател на Одбор
Март 2023 Весела Честоева