ЈАВЕН КОНКУРС за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата на Општина Кавадарци

ЈАВЕН КОНКУРС за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата на Општина Кавадарци

           Врз основа на Одлука за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година бр.08-7742/33 од 22.12.2022година, член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година на правно лице бр.08-7342/34 од 22.12.2022 година и член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.08/05….75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

ЈАВЕН КОНКУРС

За делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година на правно лице

 

                 Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации предвидени во Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година со арх. Бр. 08-7745/22 од 22.12.2022 и 08-3160/23 од 18.05.2023 и тоа:

1.Културно лето го сакам Кавадарци

                   Јули-Август

2.Културна манифестација „Тиквешки Гроздобер“ Септември

3.Нова Година 2023 –Декември

   -Божиќен Пазар

               Обврска на правното лице е во целост да ги испланира , организира, реализира и менаџира културните манифестации.

Висината на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци за делегирање на надлежноста е содржана во Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата за 2023 година .

Кон пријавата правното лице треба да приложи :

1.Решение за упис во Централен Регистар;

                2.Полн назив и адреса на субјектите кои ќе се вклучат во текот на реализирањето на активностите од делегираната надлежност;

                3.Детален опис на активностите, носители и рокови за реализирање на на делегираните надлежности – програма за начин и постапка за вршење на делегираната надлежност;

                4.Финансиска структура на активностите;

                5.Податоци од лицата ангажирани во реализирање на делегираните надлежности, нивна квалификациона структура  и професионално искуство;

                6.Име презиме и контакт телефон на одговорното лице за реализација на делегираните надлежности.

  1. За разгледуване на призавите од Јаавниот конкурс Градоначалникот формира 5 (пет) члена Комисиja за составена од претставници од културните институции и општинската администрациза.

Комисиjата при разгледуване на приjaвите по завниот конкурс за исполнуване на условите за одреден вид работа од областа на културата утврдена со закон, врши бодирање врз основа на правилникот и тоа :

-соодветност на предлогот со барањата од Јавниот конкурс до 20 бода;

 -капацитет на предлагачот, искуство во реализацизата на проекти од областа на културата, соодветност на лицата кои ке учествуваат во реализирането на надлежностите по однос на образование и искуство во областа на културата, поставеност на систем на контрола на квалитетеот и работењето до 40 бода;

-план и програма за организиране реализиране на манифестациите до 40 бод.

               Општина Кавадарци ќе склучи Договор за делегирање на надлежноста со правното лице кое што ќе биде избрано на Јавниот конкурс согласно Законот за облигациони односи.

               Приложените проекти мора да содржат образложение и предлог финансиска конструкција во која ќе бидат наведени средствата потребни од Буџетот на Општина Кавадарци како и средствата обезбедени од Министерството за култура, сопствени средства и други извори.

Потребните податоци како и предлог проектите со финанасиска конструкција треба да се достават задолжително на посебен формулар – Пријава која може да се подигне во електронска верзија од веб страната на Општина Кавадарци  www.kavadarci.gov.mk.

Потполнетите пријави да се  достават до Општина Кавадарци во рок од 15 дена по објавувањето на јавниот конкурс во средствата за јавно информирање, во архива или по пошта на адреса :Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2 Кавадарци,со назнака  ,,Конкурс Култура 2023“

                Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат разгледувани.