Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци бр.08-7333/50 од 24.12.2021 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.5/21) ,
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр 1/2022
За прибирање на апликации за финансиска подршка од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022, наменети за спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи како и подршка на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци
Се повикуваат спортски клубови и здруженија од областа на спорт регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок.
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022 година, наменети за спортски клубови и здруженија од областа на спорт регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци бр.08-7333/50 од 24.12.2021 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.5/21) ,
2. Основни организациски критериуми :
– го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.
– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;
– го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– се грижат за унапредување на младите категори.
Задолжителна документација за аплицирање :
–Потполнета пријава/формулар за аплицирање
-тековна состојба од клубот/здружението
-решение за вршење дејност спорт согласно Законот за спорт;
-доказ за обезбедени соодветни објекти, опрема и стручен кадар;
-потврда од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува (супер лига, прва лига, втора лига, трета лига, општинска лига, младинска лига, кадетска лига, пионери) и времетраењето на учеството клубот во соодветната федерација.
-потврда од клубот дали наплаќа/не наплаќа чланарина.
– детално разработена програма на активности во тековната година ;
– документација со која се потврдува искуството за апликантот во реализирање на програма и активности од областа на спортот,
– постигнати резултати, успеси;
– детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции)
– извштај за потрошените средства добиени од Општина Кавадарци за претходната година .
– прилози, фотографии, награди.
3.НАПОМЕНА : Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација нема да се разгледуваат.
4. Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 05.01.2022 година а крајниот рок за поднесување е 20.01.2022година.Пријавите со целокупната документација се доставуваат се доставуваат лично или по пошта (пријавите доставени по е-маил или факс нема да бидат разгледувани), на адреса:Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, или во архивата на Општина Кавадарци до 16.30 ч.
(со назнака – Пријава за јавен повик – Комисија за спорт )