ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско – корисна работа

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кавадарци  Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019-година се објавува:

 

Ј А В Е Н   П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинскокорисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ Креирање можности за работа за сите IV-”  за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци до /9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување -Кавадарци

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување-Кавадарци со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Стари лица со инвалидитет на кои им е потребна грижа, комуникација, основни здравствени услуги и интернет описменување

– Ученици од општинските училишта кои имаат телесен или ментален инвалидитет и наидуваат на проблеми во наставно-воспитниот процес.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– Негователки на стари лица во домашни услови

– Лични асистенти

-Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување -Кавадарци во периодот од 05.08.2019година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Кавадарци и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кавадарци кај лицето Сашо Мошев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци кај лицето Велика Мурџавалевска,  Центар за социјлна работа Кавадарци кај лицето Сузана Димкова.