Јавен повик за избор на ко-модератор

Јавен повик за избор на ко-модератор

За потребите на спроведување форум во заедницата, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 3 месеци, 5 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Ко-модерирање на форумските сесии односно помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
  • Раководење и координирање со оперативната група;
  • Регрутација на учесници на форумот;
  • Организирање форумски сесии и нивна техничка подготовка (сала, постери, опрема);
  • Организирање состаноци помеѓу форумските сесии;
  • Поддршка во координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.) и нивно доставување до општинскиот координатор;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование
  • познавање на aнглиски јазик
  • активно користење на компјутер (WORD, ECXEL, OUTLOOK)
  • познавање на процесот на децентрализација
  • искуство во работа со невладни организации
  • да е жител на општината
  • искуство во јавни настапи, фасилитација, координација и известување
  • наклонетост кон тимска работа
  • одлични комуникациски и презентациски вештини

 

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 29 Мај, на следната адреса:

Општина Кавадарци Локална самоуправа – Архива- канцеларија бр.21

или на електронска пошта: smoshev@kavadarci.gov.mk

Јавен повик