ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци

            Врз основа на член 18 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 10/20), Јавниот повик за членство во Локално Собрание на млади на  општина Кавадарци (арх. бр. 09-2166/1 од 28.03.2023 година), како и врз основа на Одлуката за распишување на Јавен повик за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци (арх. бр. 09-2166/2 од 04.08.2023 година), донесена од страна на Локалното собрание на млади на општина Кавадарци, а во врска со членовите 128-ѓ од Статутот на општина Кавадарци („ Службен гласник на општина Кавадарци“ бр…08/06..21/75), Локалното собрание за млади на општина Кавадарци, распишува

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци

 

            Локалното собрание на млади на општина Кавадарци распишува Јавен повик за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци.

            Овој Јавен повик е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други форми на младинско организирање и здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општина Кавадарци, а кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на општина Кавадарци;
  • Да се основани и активни најмалку една (1) година пред отварањето на овој Повик;
  • Предложениот/та кандидат/ка за член/ка во Локалниот младински совет на општина Кавадарци да е жител на општина Кавадарци и да е на возраст од 15 до 29 години.

Јавниот повик се објавува на интернет страницата на општина Кавадарци.

                        Кандидатите за членови во Локалниот младински совет имаат право на кратка презентација на својата програма пред членовите на Собранието, по што следува постапка на гласање. Собранието на млади избира членови на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од Локалното собрание на млади. За избрани членови на Локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.

            Членовите на Локалниот младинки совет се верификуваат од страна на Советот од општина Кавадарци, по добиена Одлука за избор на членови на Локален младински совет од страна на Собранието на млади на општина Кавадарци.

Од избраните членови на Локалниот младински совет се избираат претседател и заменик- претседател. Членовите на Локалниот младински совет на општина Кавадарци се бираат со мандат од две (2) години, со право на уште еден (1) избор.

Во Локалниот младински совет може да членуваат претставници на:

  • Младински организации;
  • Организации за млади;
  • Политички подмладоци;
  • Ученички организации;
  • Студентски организации;
  • Други форми на младинско здружување и организирање кои работат и функционираат на територијата на општина Кавадарци.

Задолжителни документи:

– Портфолио на организацијата / групата / формата на здружување;

– Годишна Програма за работа на организацијата / групата / формата на здружување;

– Извештај за активностите со млади во изминатата година на организацијата / групата / формата на здружување;

– Кратко мотивациско писмо и кратка биографија од кандидатот за член во Локалниот младински совет (жител/ка на восраст од 15 до 29 години);

– Пријава за номинација за член во Локален младински совет и контакт информации.

            Доколку формата на здружување и организирање на млади номинира кандидат за член на Локалниот младински совет на општина Кавадарци кој е веќе член на Локалното собрание на млади на општина Кавадарци, во прилог на апликацијата не мора да поднесе Портфолио на организацијата, Годишна програма, Извештај за активностите на организацијата, мотивационо писмо, Извештај со наведени активности, мотивационо писмо на кандидатот како и биографија.

            Но, потребно е да поднесе Пријава за номинација за член во Локален младински совет и контакт информации.

            Начин на пријавување: Сите заинтресирани организации / здруженија / други форми на младинско организирање и здружување кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават Пријавите за номинација со горенаведените документи во еден (1) оригинален примерок, потпишан и заверен со печат и штембил од одговорното лице, во затворено плико, адресирани до општина Кавадарци, ул „Маршал Тито бб.“, 1430 Кавадарци, во архивата на општина Кавадарци, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот со назнака:„До општина Кавадарци, За Јавниот повик за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци“.

Пријавите ќе бидат разгледувани од страна на тричлена Комисија за верификација и следење на процесот на формирање на Локален младински совет на општина Кавадарци. Сите информации во врска со Повикот, како и за целиот процес на формирање на Локален младински совет, може да ги најдете на интернет страницата на општина Кавадарци (www.kavadarci.gov.mk).

Рокот на пријавување е десет (10) дена почнувајќи од петок, 04 август 2023 година, вклучително со понеделник, 14 август 2023 година, сметајќи од денот на објавување на овој Повик.